Играч на Јувентус заминува во Премиер лига?

Младиот фудбалер на Јувентус кој не добива премногу шанса да игра оваа сезона, Марио Ламина би можел да се пресели во Англија.

За него постои голем интерес од ПЛ, а неколку клубови покажаа дека го сакаат во нивните тимови, а тоа се Вотфорд и Кристал Палас.

Лемина одигра околу 1000 минути за Јувентус, а играше на 16 натпревари.

Сепак, мора да се каже дека играше и на КАН и дека имаше проблеми со грбот оваа сезона.

Мацари и Алардајс го гледаат како решение за некој од проблемите кои ги имаат во својот тим.