„Игуаин нема потреба да му се одмазди на Реал“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Останаа само уште неколку денови до големото финале во ЛШ.

Во Кардиф во сабота ќе играат 2-те најдобри екипи од оваа сезона, Јувентус и Реал. Реал ќе ја брани титулата која ја освои минатата година по победата против Атлетико Мадрид.

Игуаин порано беше член на Реал дури 7 години и сигурно има убави спомени од Мадрид.

„Игуаин нема потреба да се одмазди на Реал. Тој таму помина 7 убави години. Замина од Реал, затоа што секоја недела се одлучуваше дали тој или Бензема ќе го започне натпреварот.“

Да потсетиме, Игуаин играше во Реал од 2007 до 2013-та година кога премина во Наполи за 39 милиони евра.

Тој постигна 112 голови на 264 натпревари за Реал Мадрид.