Идеалниот состав според Јаја Туре: Каде момче со оваа формација…?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, моментално е без ангажман откако го напушти Олимпијакос.

Туре во дресот на грчкиот клуб играше само неколку месеци по што ги изненади сите и побара прекин на соработката. Овој искусен играч за врска моментално е без ангажман, но се очекува до крајот на јануари да го реши својот статус бидејќи има неколку интересни понуди на маса.

Слободното време Туре го искористи да гостува на англиската телевизија, каде го избра составот најдобри играчи со кои играл досега. Секако, тука доминираат играчите на Барселона и Сити, а од репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска тука е само Дидие Дрогба.

Но формацијата на Туре е она за што најмногу се зборува. Покрај голманот, тој одбра само тројца дефанзивци, еден играч за врска и дури шестмина напаѓачи.

Еве како изгледа идеалниот состав на Туре:

Едерсон, Компани, Маркез, Пујол, Иниеста, Сане, Агуеро, Меси, Анри, Ето и Дрогба.