Иднината на Фабрегас во Челси доведена во прашање


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иднината на шпанскиот интернационалец , Цеск Фабрегас, останува нејасна и покрај тоа што играчот од средниот ред во неколку наврати најави дека сака да остане во Челси.

„Лондон Ивнинг Стандард“ пренесува дека доколку Фабрегас сака да остане на „Стемфорд Бриџ“ ќе мора да прифати значително намалување на неделната плата која сега изнесува 160.000 фунти.

Фабрегас се поврзува и со шокантно враќање во Арсенал, а за него постои интерес и од неколку клубови од шпанската Ла Лига.