Џерард Пике е прогласен за најдобар играч на Барселона во минатата сезона во избор на Каталонскиот фудбалски сојуз.
Токму Пике е еден од најголемите заговорници за разделување на Каталонија, а наградата ја освои втора година во низа.
Победата ја доби со 43% од гласовите. Зад себе ги остави Бускетс, Роберто и Алба.
Церемонијата за доделување на наградата ќе се оддржи на 28 ноември.















