Измама на векот – Реал ќе добива 40.000 од натпревар ако не игра Одегард!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го позајми Мартин Одегард на Хееренвен.

Меѓутоа, тренерот на тој клуб, Јурген Штепел не е воодушевен со играта на 18-годишниот фудбалер, но е принуден да го држи во игра, барем една минута.

Причината е неверојатна, Одегард според клаузулата едноставно мора да игра во секој натпревар затоа што Херенвен ќе треба да плати по 40.000 евра за секој натпревар на кој тој нема да игра.

Ова е голем пропуст на тимот на Херенвен.

Тимот игра многу полошо од доаѓањето на овој фудбалер. Тој од доаѓањето во тимот одигра 7 натпревари, но целосен натпревар досега нема одиграно.

Најголема минутажа доби против Утрехт кога излезе во 89-та минута.

Норвешкиот фудбалер стана член на Реал во 2015-та година.

Стигна како тинејџерска надеж, но не се прилагоди во тимот на Реал.