Икарди за составот на Аргентина без Меси: Во нашиот тим владее пријателство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот напаѓач на Интер, Мауро Икарди, синоќа конечно дочека да го постигне првиот погодок за репрезентацијата на Аргентина.

Иако веќе со години настапува во фантастична форма, Икарди неодамна ги дочека своите пет минути меѓу „гаучосите“, а првиот гол против Мексико ќе го памети додека е жив.

„Голот за Аргентина е тоа што ми недостигаше, но за среќа се случи конечно. Среќен сум и возбуден затоа што долго време го чекав голот и многу зборував за него. За напаѓач е многу лоша работа голгетерскиот пост. Ситуацијата во соблекувалната е сега навистина добра и владее пријателство. Во минатото немаше тимски дух“, кажа Икарди.

Сепак, Икарди се надева дека Лионел Меси ќе се врати наскоро, иако многумина ја поврзаа оваа изјава токму со отсуството на ѕвездата на Барселона.