„Имав неверојатна среќа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рожер Федерер во возбудлив натпревар го победи Бердих и се пласираше во ½-финале на Мајами.

Тој успеа да спаси две меч топки по ред на Бердих и на крајот да стигне до победата.

„Имав неколку тешки порази во претодните години во Мајами кога требаше да победам, како што беше во натпреварите со Бердих или Нишикори. Денес сум задоволен што поминав понатаму. Сигурно на крајот на дуелот имав многу среќа, но мислам дека покажав голема борбеност.“

Федерер за финале ќе се бори против Кирјос, кој беше подобар од Зверев со 2:1 во сетови.