Иниеста добива во Висел добива поранешен соиграч од Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Валенсија и Барселона објави дека повеќе нема да настапува за Њујорк сити, чиј дрес го носеше од 2014 година, а наредна дестинација на Давид Виља ќе му биде Јапонија.

Фантастичниот Шпанец е подготвен да заигра во Висел Кобе, каде што соиграч ќе му биде поранешниот колега од Барселона, Андрес Иниеста.

Виља играше фантастично во МЛС-лигат аи покажа дека дури и на 36 години може да постигнува многу голови, па сега ќе си ја проба среќата и во Јапонија.

Виља и Иниеста заедно ја делеа и соблекувалната во шпанската репрезентација, а Виља исто така ќе стане третиот Шпанец, кој заиграл во некој јапонски тим, после Иниеста и Фернандо Торес.

„Време е да го напуштам Њујорк. Мојот договор е завршен и мислам дека е вистинско време да го напуштам клубот. Ја разбирам желбата на клубот да ме задржи, но јас донесов одлука“, кажа Виља.