Интер во стилот на Палермо: Пиоли не е повеќе тренер на клубот од Меаца

Управата на Интер го отпушти тренерот на Стефано Пиоли.

Пиоли ја презеде екипата на Интер во ноември минатата година, но во последните 10 мечеви успеа да освои само два бода и управата на овој клуб тоа повеќе не можеше да го трпи.

Во соопштение за јавноста Интер се заблагодари на Пиоли на се што направи во тешкиот период и му посака среќа во продолжението на кариерата.

Екипата до крајот на сезоната ќе ја води тренерот на младиот тим Стефано Вечи.

Интер моментално се наоѓа на 7 место во Серија А со 56 освоени бодови после 35 одиграни бодови.