Интер договори големо засилување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди наводно е на чекор од премин во Интер.

Сопствениците на Интер се подготвени да инвестираат 150 милиони евра во летниот преоден рок, а медиумите тврдат дека тимот веќе го обезбедил Берарди.

Тој оваа сезона имаше проблеми со повреди, но во текот на кариерата за Сасуоло постигна 57 голови и 37 асистенции на 152 натпревари.

Тој би го чинел Интер околу 40 милиони евра, а покрај него, тие сакаат да го донесат и Пелегрини, кој исто така игра во Сасуоло.

Оваа сезона постигна 5 голови на 24 натпревари во Серија А.