Интер не го сака, но и не би го пуштил: Дали хрватскиот интернационалец се враќа во Мадрид?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата од „Меаца“ не сака да ја плати наведената сума.

Шиме Врсалјко оваа сезона е дел од Интер на позајмица од Атлетико Мадрид, а на крајот од сезоната постои опција Интер да ја плати одредената сума за да го откупат неговиот договор во целост.

Таа сума изнесува 17,5 милиони евра, а досега во Интер се премислуваа дали да платат.

Сепак, одлучија дека не сакаат да ја платат наведената сума, туку да се обидат да влезат во нови преговори за сепак тој да остане во клубот.

Ќе понудат доста помалку пари поради повредата која ја влече, се работи за повреда на коленото, која го лимитираше на само 13 натпревари оваа сезона.