Интер не се откажува од Конте – на маса се бланко чек и ветување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трета среќа?

Два негативни одговори не ги обезхрабрија челниците на Интер. Тие и понатака не се откажуваат од идејата за Антонио Конте од лето да го преземе кормилото на Нероаѕурите и да стане главна фигура на проектот – голем Интер!

И покрај тоа што веќе два пати им рече “НЕ“, спортскиот директот Пјетро Аусилио и водечките луѓе на Санинг групацијата договорија стратегија по која уште еднаш ќе пробаат да го придобијат Конте да слета на стадионот Џузепе Меаца во јуни.

Како што добро информираниот весник Газета дело Спорт јавува, емисарите на Интер повторно се јавиле на Конте и овој пат на масата поставиле понуда која тешко некој може да ја одбие.

Имено, Конте доби бланко чек да запише сума на пари која му одговара да стане тренер на Интер.

Покрај тоа му е ветен и буџет од вртоглави 200 милиони евра!

Во тоа не е пресметано доведувањето на Стефан де Фрај од Лацио, чиј трансфер во Интер треба да биде официјализиран на лето и дефинитивно ќе биде договорен во наредните недели.

Меѓутоа, се ова, во овој момент стои некаде во домен на научна фантастика. Италијанските медиуми, посебно тие од Торино, со недели наназад пишуваат и тврдат дека Конте ги одложил преговорите со Челси околу преземање на соработката, поради тоа што сака да види дали Роман Абрамович ќе му даде нови договоро на ударните игли – Еден Азар и Тибо Куртоа, и дали ќе добие пари со дел да доведе нов центарфор наместо Диего Коста.

Но оваа приказна делува реална, она што е речиси неверојатно е дека Конте го уценува Роман околу новиот договор…

На Конте сегашниот договор истекува во јуни 2019 година, а неколку пати јавно истакна дека сака направи одреден континуитет со Челси и дека нема намера да се сели. Британските медиуми имаат сознанија дека се е договорено околу продолжувањето на соработката.

Од друга страна, Газета тврди дека главната причина околу евентуалната разделба со Челси нема да бидат парите. Веќе тоа што му недостасува фамилијата, која и понатака живее во Италија, па поради тоа сака да одработи голем разговор со управата на Челси.

Доста дијаментрално спротивни информации стигнуваат од Островот и Чизмата, а вистината ја знае само Конте…