Интер одби 30 милиони евра за Италијанец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Интер се јасни, тој не е на продажба дури и за поголема сума.

Челси сакаше во овој преоден рок да го доведе Антонио Кандрева, но тоа нема да се случи и дефинитивно после што вечерва е одбиена последната понуда на екипата од Лондон.

Кандрева во оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Интер, а Стефано Пиоли смета дека тој ќе биде од помош и во продолжението и дека не е вредно да се заработи од него 30 милиони.

Да го одведат од Интер, клубовите ќе мораат да издвојат далеку поголема сума…

Ќе видиме дали Конте преку лето ќе проба да го доведе овој фудбалер и италијански репрезентативец.

Кандрева од оваа сезона е член на Интер, стигна од Лацио за 22 милиони евра.