Интер полуде: Барселона ќе игра „за“ Тотенхем, во последното коло од ЛШ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, се играат неколку спектакуларни средби, а една од нив сигурно е дуелот помеѓу Барселона и Тотенхем.

Барселона опуштено влегува во овој меч бидејќи веќе го осигура првото место во групата, но за втората позиција жестоко се борат Тотенхем и Интер. Лондонскиот клуб во случај на победа на „Камп Ноу“ сигурно ќе го освои второто место, додека Интер се надева на кикс и победа пред своите навивачи против ПСВ, за да мине натаму.

Во изминатите денови доста се шпекулираше за составот на Барселона, бидејќи од Интер вршат притисок Ернесто Валверде на теренот да го изнесе најсилниот тим иако веќе поминаа во следната фаза. Сепак, Валверде се одлучи да одмара поголем дел од своите првотимци.

Навивачите на Интер се бесни на Валверде откако шпанските медиуми ги објавија веројатните состави на Барселона и Тотенхем. Од првата минута играат Лео Меси и Филипе Кутињо, но што се однесува до главните играчи на Барселона, тоа ќе биде тоа.

Можен состав на Барселона: Килесен, Семедо, Вермален, Ленглет, Миранда, Ален, Бускетс, Видал, Кутињо, Мунир и Меси.

Можен состав на Тотенхем: Лјорис, Вокер-Петерс, Алдервајд, Вертоген, Дејвис, Даер, Винкс, Али, Ериксен, Сон, Кејн.