Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Екипата на Интер би можела од наредната сезона да биде засилена со фудбалер на Аталанта.
Според информациите на италијанските медиуми, Интер е подготвен да го донесе 18-годишниот фудбалер на Аталанта, Алесандро Бастони.
Станува збор за фудбалер кој е капитен на младинската репрезентација на Италија, а според некои информации, Интер понудил 10 милиони евра.
Аталанта го прифатила тоа, а набрзо овој играч би требало да се пресели во Интер.
Постои можност и тој да остане во Аталанта наредната сезона, па во 2018/19 да се пресели во Интер.
Аталанта и Интер имаат добра соработка, а Гаљардини исто така од Аталанта премина во Интер оваа година.