Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По Манолас, Интер сака уште една ѕвезда на Рома.
Интер реши да купува од Рома. Откако кинескиот гигант Сунинг стана поголем сопственик на клубот, Интер станува се посериозен играч на трансфер пазарот.
Една од наредните мети е играчот на Рома, Стротман. Покрај него, Интер уште претходно се обидуваат да го донесат Манолас.
Сунинг во претходните 2 преодни рока вложи 130 милиони евра во донесувања на засилувања и купи атрактивни игрчаи како Жоао, Кандрева, Барбоса и Гаљарини. За наредното лето се одвоени 150 милиони евра.
Преговорите со Манолас започнаа минатата зима и тој е блиску до одлука да прифати преселба во Милан за 45 милиони евра. А во пакет би можел да тргне и Стротман кој би требало да биде платен помеѓу 40 и 45 милиони евра.
Со оглед на тоа дека Стротман има 27 години, а во минатото имаше многу проблеми со повреди и дека договорот му завршува во 2018-та година, тоа е добра понуда за Рома. Познати се деталите на понудите на играчите. Интер му нуди на Стротман 3-годишен договор со плата од 5 милиони по сезона.
Рома сеуште не му понуди нов договор на Стротман, а тоа наведува до заклучок дека тој ќе биде продаден.
Рома попрво би го продала во странство затоа што не сака да ги засилува директните ривали, но понудата на Интер е во ранг на тие кои не се одбиваат. Особено поради фактот дека Рома има проблеми со финансискиот фер-плеј и мора да ја наполни касата.