Ирвинг е пресреќен што е во Бостон, има шанси да остане долго време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Кајри Ирвинг конечно го доби тоа што го посакуваше и беше трејдуван во Бостон Селтикс а за возврат Кливленд добија пакет од Ајзеа Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ и пик од прва рунда.

 

По блокбастер трејдот кој се случи доцна синоќа Кливленд го испратија Ирвинг во тимот на Бостон а тој веднаш по трејдот беше контактиран од претставници на клубот. Ирвинг и раководството на Бостон имале краток разговор во кој тој им кажал дека е презадоволен што е дел од толку позната франшиза како Селтикс.

Селтикси се убедени дека Ирвинг ќе биде дел од франшизата долго време, и по завршувањето на договорот (од кој има останато уште 2 години) ќе потпише нов неколкугодишен договор со тимот на Бостон.

 

Кајри Ирвинг го напушта тимот на Кливленд Кавалирс по 6 години, од кои во последните три беше финалист во НБА лигата а освои и еден прстен.