Ирвинг не сака да потпише нов договор со било кој тим, проблеми за тимот на Кавс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата во Кливленд “врие” откако Кајри Ирвинг пред две недели побара да биде разменет во друга екипа. Многу тимови се заинтересирани за услугите на експлозивниот плејмејкер на Кавалирс, но последните вести кои стигнуваат од САД можат да ги обесхрабрат повеќето од нив.

 

Според информациите кои ги имаме од Ирвинг и неговиот менаџмент, тој не е спремен да се врзе долгорочно за ниту една франшиза. Тоа значи дека не гарантира дека ќе потпише нов договор со тимот во кој ќе биде разменет, дури и по истекот на актуелниот договор. Тој има уште 2 години на договорот со кој заработува 18 милиони долари годишно.

Досега најконкретни понуди дојдоа од Феникс Санс, кои веќе испратија две понуди до Кавси но и двете беа одбиени. Она што им оди во прилог пак на Санс, е тоа што со оваа изјава на Ирвинг се намалува неговата цена. Тоа би значело дека Санс (или било кој друг тим кој е спремен да влезе во размената) ќе понуди помалку богата понуда за да го убеди Ден Гилберт да се откаже од Ирвинг.

 

Кавалирс стојат цврсто на тврдењето дека нема да се откажат од Кајри Ирвинг така лесно и ќе ја прифатат само онаа понуда која сметаат дека нив ќе им одговара.