Италијански клуб му го блокира трансферот во НБА лигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поминаа три сезони откако Џулијан Стоун последен пат играше во НБА лигата а неговата кариера оттогаш продолжи во Европа. Неговиот последен обид да се врати во САД беше блокиран од страна на неговиот клуб Рејер Венеција.

 

Имено, станува збор за клаузула во договорот со клубот од Венеција која вели дека Стоун нема право да го раскине договорот доколку за него пристигне понуда од НБА тим. А понуда стигна од тимот на Шарлот Хорнетс, кои му понудија доста повисока плата од онаа која моментално ја заработува. Џулијан Стоун има уште две години останато од договорот со Рејер Венеција.

Она што ја прави целата ситуација уште позаплеткана е тоа што таткото на Стоун е болен и тој навистина би сакал да биде поблиску до него, токму затоа тој сака да се врати во НБА лигата.

Џулијан Стоун се обрати на Инстаграм за да објасни каква е ситуацијата:

https://www.instagram.com/p/BXYVnTvBmZP/

Поради ситуацијата со здравјето на татко му, се очекува Рејер Венеција да бидат попустливи и самите да му го раскинат договорот на Стоун за тој да може да се врати во САД.