Италијанците не се шегуваат – Пристигнува „БОМБА“ за Гризман!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопствениците на Интер се подготвени на Атлетико Мадрид да му платат 129 милиони евра за Антоан Гризман.

Интер неодамна доби нов сопственик, групата Сунинг, а од Интер повторно сакаат да направат европски и италијански гигант.

За таа цел нема да штедат пари, па затоа се подготвени да донесат големи имиња во Интер.

Прв на мета е Гризман, за кој се подготвени да понудат 129 милиони евра.

Претходните месеци тој се поврзуваше со Јунајтед, а наводно Манчестер имаат подготвено понуда за него која ќе стигне во лето, но таа не е ниту блиску до оваа на Интер.

Останува да видиме што ќе се случи со Гризман, кој е очигледно дека ќе го напушти тимот на Атлетико во кој стигна од Реал Сосиедад за 30 милиони евра.