И нему сонот му е исполнет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот напаѓач, младиот Бразилец Малком е нов член на Барселона, а дојде од редовите на Бордо.

Во овој трансфер најмногу изгуби Рома, бидејќи тој се согласи да премине во италиијанскиот тим, но кога стигна понудата од Барса, се предомисли и стана член на овој тим.

Како и на многу други фудбалери и нему „сонот“ му бил да игра за „најдобриот тим на светот“…

„Ми се оствари детскиот сон. Се надевам дека ќе им донесам многу радоси на навивачите, одвај чекам да започнам со работа. Ова е посебно чувство. Го остварив мојог сон и ќе играм за најдобриот клуб во светот,“, истакна Малком.

Да не се вклучеше Барса во трката за него и да не го доведеше во своите редови, веројатно истото би го кажал на прес конеференцијата на Рома.