И ТОА СЕ СЛУЧИ: Одигран е првиот фудбалски меч без офсајд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После што се повлече од тренерската работа, легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Холандија Марко ван Бастен сега работи како технички директор на ФИФА.

Тој е само еден од многуте поранешни фудбалери што го поддржа СП од 48 репрезентации, а тогаш излезе во јавноста со нови предлози за унапредување на фудбалот.

Неодамна објави план од 10 точки со што наговести револуција во најважната споредна работа на светот.

Меѓутоа, од сите правила – тоа за исклучување на офсајд беше некако „најверолуционерко“, но привлече најмногу внимание.

„Многу ме интересира да видам како фудбалот изгледа без офсајд, само ми е страв дека многумина ќе бидат против тоа“, изјави тогаш.

Во меѓувреме, група на познати под назив 11 Freunde од Германија се одлучија да тестираат фудбал без офсајд, што се тоа го декументираа во видео.

Инаку, 11 правило во фудбалот е офсајд правило.

Офсајд или недозволена позиција – правило во фудбалот кое одредува дека играчот на екипата во напад, во моментот кога му се упатува упатува од негов соиграч, мора да биде во линија или зад најмалку двајца противнички играчи (од кои еден најчесто е противничкиот голман.

Дали е тоа добро или лошо – дискусијата трае со години, децении. А тогаш

Една екипа се одлучи да игра по ракометни правила, каде што еден играч останува напред и прави збрка на сите, додека другата екипа се одлучи да игра “хокејашки“ фудбал, со двајца играчи на крилните позиции, и еден кој е блиску до центарот поради брзи и продорни контранапади.

Порано тврдењата велеа дека на фудбалските терени може да има повеќе акции ако нема офсајд, но дали е тоа навистина така? Краткиот одговор е НЕ.

Одговорот  е НЕ, но линискиот судија ќе остане без работа. За правата вистина и докази, погледнете го видеото. Фудбал без офсајд нема да биде вистинска игра, а за сите тие кои мислат дека ќе биде поинтезивно, дека ќе паѓаат повеќе голови – нема размислат повторно, или нека го погледнат видеото.


Firist football game without offside by lopta-je-okrugla