Кавани се огласи експресно по шпекулациите кои го поврзуваа со враќање во Наполи

Едисон Кавани брзо се огласи по шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во редовите на Наполи.

Уругваецот негираше дека се договорил со неговиот поранешен тим и истакна дека му посакува се најдобро на Наполи во иднина.

-Многу пишувате дека ќе одам во Наполи. Го сакам Неапол и луѓето таму. Им ја испраќам целата моја почит. Се видовме со некои од нив пред кратко време и секогаш им посакувам се најдобро. Засега сум среќен во ПСЖ- коментираше Кавани.