Каква легенда: Фергусон ги казнувал фудбалерите со песничка! (ФОТО)

Легендарниот шкотски тренер Сер Алекс Фергусон ќе остане запаметен како еден од најдобрите тренери во историјата на Манчестер јунајтед.

Фергусон на клупата на „црвените ѓаволи“ беше речиси 30 години и освои многу трофеи. Овој 76-годишен тренер на „Олд Трафорд“ стигна по одличните резултати на клупта на Абердин.

Многу фудбалери кои тогаш го носеле дресот на Абердин се сеќаваат на луди моменти со Фергусон, а еден од нив бил кога тој ги казнувал со песна.