Какво изненадување: Клоп најде замена во дефицитарниот ростер…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите од Англија, Ливерпул е заинтересиран за играчот за врска на Брајтон, Паскал Грос.

Овој германски интернационалец летото 2017. година стигна во Брајтон од Инглоштат, за околу 3 милиони фунти, во деби сезоната во ПЛ запиша седум погодоци и осум асистенции, еден е од најзаслужните за опстанок на „Галебите“ во елитниот ранг.

Сепак, оваа сезона не е во форма, постигна само еден погодок, но Клоп како што се наведува ги почитува неговите квалитети, па наложи да биде ставен на листата за располагање.

„Го познавам откако беше дете. Тој е фантастичен играч кој многу напредуваше. Има одлична десна нога, одличен изведувач е на слободни удари и добар шутер. Интелегентен е и ми се допаѓа како играч“, истакна германскиот стратег неодамна за играчот за врска на Брајтон.

„Црвените“ имаат проблеми со повредите, како и со креативноста во редот за врска, а Клоп изгледа верува дека споменатите проблеми би му ги решил Грос.

За неговите услуги Ливерпул би можел да издвои околу 15 милиони фунти,останува да видиме дали Брајтон е подготвен да ја прифати таа понуда, со оглед на тоа дека Грос е еден од најважните играчи во екипата, на која и следи нова битка за опстанок во елитата.

Сепак, тоа би било шанса за 27-годишниот Германец, па и самиот Грос би можел да инсистира на трансфер.