Каков блам или гордост: Навивачка остана со „поткусени ракави“ откако посака автограм од Меси?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако, ѕвезда како Лео Меси предизвикува реакција кај навивачите каде и да се појави, тука нема исклучок. Сите сакаат да добијат потпис, да се сликаат, а многумина би сакале само да го допрат, а како да не биде така кога тој е еден од најдобрите на сите времиња.

Така беше и овие денови во Аргентина каде Меси се појави на одмор, сите сакаа да добијат некој спомен, а една жена имаше посебно барање.

Таа сакаше да добие автограм, но дресот на кој го сакаше истиот беше дрес од Росарио. Меси се правеше како жената да не постои бидејќи едноставно не сакаше да го потпише тој дрес.

Меси кариерата ја започна во Нјуелс Олд Бојс, а нивниот најголем ривал е Росарио, дресот на кој жената сакаше потпис. Ова е најголемото дерби во Аргентина, ако се гледаат ривалствата во Буенос Аирес.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ многупати истакна дека ќе биде навивач на Нјувелс до крајот на животот, а тоа што некој му дал дрес од Росарио е исто како да му даде дрес од Реал за автограм.

Жената била значително револтирана поради оваа постапка на Меси, па му упатила најлоши навреди, а дали Меси правилно постапи, пресудете сами?