Каков Стерлинг, Ван Дајк без сомнеж е најдобриот фудбалер на светот, подобар и од Лео Меси…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот англиски фудбалер, Крис Сутон се најде во центарот на вниманието кај фудбалската јавност откако изјави дека Вирџил Ван Дајк е најдобриот фудбалер на светот.

Сутон во својата кариера играше помеѓу останатото за Челси и Астон Вила, но најголема популарност имаше настапувајќи за Блекбурн и Селтик. По завршувањето на кариерата повеќето работеше како коментатор во Англија, а со своите коментарите често знае да ја раздрма јавноста.

Овојпат тој истакна дека за него Ван Дајк е најдобриот играч на светот и дека подобар е дури и од Лео Меси. Секако, сето тоа го коментираше низ насмевка, но се чини дека во Англија не баш најдобро ја сфатија неговата шега.

„Како може за некој Рахем Стерлинг да биде најдобар играч во Премиер лигата: Тоа без сомнеж е Ван Дајк. Тој е најдобар играч на светот за мене и подобар е дури и од Меси“, порача Сутон.