Како изгледа најдобриот тим на Челси составен од фудбалери кои се на позајмица (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси на почетокот на јануари го ангажираше Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра, па го остави на позајмица во германскиот клуб.

„Сините“ се познати по тоа што своите фудбалери, кои немаат многу простор за игра, ги праќа на позајмица, но тие се под договор со Челси додека не се покаже дали се добар или лош потег.

Челси има дури 42 фудбалери на позајмица во моментов, а од нив може да се состави солиден тим, но немаат сите место во екипата на „сините“.

Француски „Л’Екип“ реши да направи екипа од најдобрите 11 на Челси и во тимот се: Едуардо, Рахман, Миазга, Зума, Аина, Бакајоко, Пасалиќ, Кенеди, Маунт, Абрахам и Батшуаи.