Како Монако од „живи мртовци“ станаа хит оваа година?!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Во европскиот фудбалски етер овој викенд имаше бомба од Монако на гостувањето кај Метц, Монако победи со 7:0.

    Беше тоа најголемата победа на Монако во последните 24 години, кога со Клинсман го победија Мартигуес со ист резултат. Иако повратникот од Лига 2, Метц е далеку од лоша екипа.

    Тимот на Хинсшбергер самоуверено влегоа во новата сезона, тие помеѓу останатото постигнаа и 4 победи оваа сезона и победа против минатогодишното изненадување Анже. Дури ниту со овој пораз Метц не падна под 8-то место на табелата.

    Сепак, ако само овој викенд Монако ви падна во око, тогаш не обврнувате доволно внимание. По турбуленциите во минатата сезона, во која поради финансиска стабилијација многу лошо влегоа во сезоната и во ова време беа дури 9-ти, оваа година работите изгледаат драстично поинаку. По елиминацијата на Виљареал од квалификациите за ЛШ и победата на гости кај Тотенхем, тие исто толкудобро влегоа во домашното првенство. Го демолираа Лил со 1:4 на гости, Рен со 3:0, па потоа 3:1 против ПСЖ. Тие само беа поразени од единствениот тим кој е над нив, а тоа е Ница.

    Што се смени на стадионот „Луј“ од почетокот на оваа сезона?

    Добар дел сигурно лежи во подобрата и поконкретната подготовка на кадарот за влез во сезоната. Тренерод Јардим по претходниот катастрофален рок, кој се водеше под наслов „продај што можеш повеќе и побрзо“, ова лето можеше да функционира со составување на екипа, а конкретен резултат е веќе видлив. Монако во 8 натпревари постигна 22 голови, а просечно има 13 удари на гол по натпревар.

    Интересно е тоа што во листата на стрелци на Монако има дури 11 различни играчи додека 2-те ударни имиња во тимот, Фалкао и Жермеин постигнаа по 2 голови. Тоа јасно покажува дека тимот не го достигнал својот целосен потенцијал. Донесувањето на 3 дефанзивци донесе и преку потребната сигурност во дефанзивата, но  тоа донесе и неколку бенефицирани опции за ротација. Дури ниту редовните измени во тимот – 8 испробани, најчестата варијанта 4-4-2 – не го уништија балансот во играта.

    Камил Глик, полскиот стопер, премина по ЕП за 8 милиони евра од Торино и веднаш остави белег. Играчот има просечно по 3 дефанзивни скокови по натпревари, како и повеќе од 2 и пол освоени топки по натпревар, а се тоа со просечно помалку од 1 прекршок на натпревар. Успеа да постигна и 2 многу важни голови, за победа против Анже и за спасување на бод против Баер.

    Со него, доаѓањата на Сидибе од Лил на позицијата на десен бек, како и моментално повредениот Менди од Марсеј му овозможија на Фабињо да игра на неговата природна позиција на дефанзивен играч за врска, насмето како минатата година да игра како десен бек. Резултат е и oчигледен како и во случајот на Глик: постигна 6 голови и 1 асистенција, а во натпреварот против Тотехен блескаше со 10 успешни стартови на противникот, на кои додаде и 3 пресечени топки и 90% на успешна реализација на додавања. Ваква одбранбена стабилност ги донесе од бројката на 9 примени голови, ако го исклучиме натпреварот против Ница, ќе дојдеме на бројката од 5 примени голови во 7 натпревари.

    Висока ефикасност и конверзија на Монако овозможува одземање на топката блиску до противничкиот гол, каде примерите на Жермеин и Карило во пресинг помагаат на крилните играчи Силва и Лемар, кои заедно оваа сезона постигнаа 5 голови.

    Тимот на Јардим е една од највозбудливите екипи на стартот на сезоната во европските лиги, па внесување освежување во Лига 1 и во ЛШ. Тешко е да се каже дали ќе бидат кандидати за прекинување на доминацијата на ПСЖ, но треба да се обврне големо внимание на нив.