„Канте сеуште не е на мое ниво“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот играч за врска на Челси, Клаудио Макелеле сеуште не е подготвен да го прогласи Канте за наследник во Челси.

„Канте е посебен и во овој момент еден од најдобрите играчи за врска.“

„Но работата е во тоа што јас играв 25 години на највисоко ниво и ваквите споредби се лоши.“

„Оваа сезона не играше во ЛШ. Треба да игра натпревар на секој 4 денови. Ќе биде и со репрезентацијата. Ќе игра многу натпревари. Тој мора да добие искуство.“

„Кога ќе игра на мое ниво, нема да може да ги трча сите 90 минути. Ќе мора да го одржува ритамот.“