Капело со совет со „кралевите“: Реал ќе купи страшен Аргентинец!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот тренер Фабио Капело во минатото го има предводено Реал Мадрид, па сега има совет за нив.

Не е среќен со нивните лоши настапи сезонава, па сака да им помогне со совет за ново засилување.

Реал нема постигнато ниту еден гол на последните четири дуели, а исто така немаат ниту една победа.

По заминувањето на Кристијано Роналдо, „кралевите“ се соочуваат со големи проблеми, но постои играч кој може да ги реши.

„Приоритет на Реал Мадрид треба да му биде Мауро Икарди, кој е страшен голгетер и сличен е на Роналдо“, кажа Капело.

Аргентинецот и претходно се поврзуваше со „кралевите“, па останува да видиме дали ќе се обидат да го ангажираат.