Капитенот на Порто кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мексиканскиот интернационалец кој неколку сезони е капитен на Порто, Хектор Ерера од следната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

„АС“ пренесува дека „Јорганџиите“ ја добиле битката за искусниот фудбалер кој на „Ванда Метрополитано“ ќе пристигне како слободен агент откако неговиот договор со Порто ќе истече.

За 28 годишниот фудбалер имало сериозен интерес од Интер и Рома, но по инсистирање на самиот играч тој кариерата ќе ја продолжи во клубот од Мадрид.