Карабатиќ стигна на СП, но би можел да ги разочара навивачите на Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На воодушевување на навивачите на Франција, Никола Карабатиќ се приклучи на репрезентацијата на Светското првенство (СП) во Германија и Данска.

Карабатиќ веќе десет години е најдобар ракометар на Франција, а со тимот освои четири титули на СП, три на ЕП и две олимписки злата.

Поради тоа во Франција беа многу тажни кога беше објавено дека поради повреда нема да може да биде на СП, но на крајот се случи спротивното.

Денеска треба да го има првиот тренинг, по кое ќе биде јасно дали е подготвен за предизвиците на СП. Селекторот Дидие Динарт не е сигурен дека Карабатиќ ќе ја добие својата шанса.

„Многу е важен за нас, но мора прво да го тестираме и да видиме колку е подготвен за предизвиците“, кажа Динар.