Карачиќ: Има шанса да останам во Вардар, но наскоро сè ќе биде познато!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ наскоро ќе реши дали ќе остане во редовите на „црвено-црните“ или ќе замине од клубот.

Хрватот е еден од најважните ракометари на „црвено-црните“, па во наредните десет денови ќе донесе конечна одлука дали ќе остане во клубот.

„Немам одговор на тоа во моментов. Има шанса да останам, но во следните 10 денови ќе се знае многу повеќе за мојата иднина“, вели Хрватот.

Плејмејкерот на Вардар од 2012 е во тимот на македонскиот шампион, а договорот му завршува на крајот на сезоната, па во следните денови ќе добиеме одговор каде ќе настапува догодина.

Карачиќ својата сениорска кариера ја има почнат во Зрињски од Мостар, па потоа настапувал за Метковиќ, Перутнина Пипо, Босна Сараево и потоа пристигна во Вардар.