Кариус ги напушта куферите, утре си заминува од Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот голман ги „зави во црно“ навивачите на Ливерпул во финалето на ЛШ против Реал Мадрид, па неговото заминување од Енфилд и се очекуваше.

Последните неколку денови се појавија шпекулации дека кариерата ќе ја продолжи во Турција, а денес Дејли Мирор објави дека утре Кариус ѕаминува ѕа Истанбул, каде што ќе го реализира својот трансфер во Бешикташ.

Тој утре ќе ги изврши лекарските прегледи, а се очекува официјално да биде претставен во наредните денови.

Овој 25 годишен голман ќе стигне на двегодишна позајмица, а Бешикташ ќе плати 9.5 милиони фунти за овој трансфер после истекот на позајимцата, доколку тој собере 50% од настапите ѕа тоа време и доколку клубот се избори ѕа настапи во Европа.