Кариус со изненадувачка изјава по трансферот во Бешикташ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лорис Кариус по комплетирањето на траснферот во Бешикташ истакна дека Јирген Клоп посакувал да го зачува во тимот.

Германецот во неделата ја комплетираше двегодишната позајмица во Бешикташ откако го изгуби стартното место од новиот голман на Ливерпул, Алисон.

„Клоп ми кажа дека сака да ме има во составот затоа што сака да ги има најдобрите голмани во тимот. Но јас зборував со него и му ја кажав мојата желба, дека е важно да играм за Бешикташ. Зборувавме долго време и ја разбра мојата ситуација. Сметам дека ова е најдобар договор за сите“- коментираше Кариус.