Карло Анчелоти ќе мора да бира меѓу два италијански клуба!?

Поранешниот тренер на Милан би можел од наредната сезона да работи во Италија.

Информациите кои стигнуваат од Италија потврдуваат дека Анчелоти се наоѓа пред тежок избор. Еден е екипата на Наполи, која му понуди двегодишен договор.

Од друга страна, Јувентус е кандидат за неговиот потпис, но засега не му понудиле конкретен договор.

Медиумите претходно пишуваа дека Алегри ќе го напушти тимот, а идеална замена за него е Анчелоти.