Кармело Ентони ја скрати листата на тимови во кои би сакал да игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њу Јорк Никс сѐ уште ја имаат иднината на Кармело Ентони во свои раце, со оглед на тоа што тој е под договор со нив до крајот на сезоната и притоа во договорот има клаузула која вели дека тој не може да биде разменет во друг тим освен ако самиот не одлучи за тоа.

 

Во склоп на овие околности, Кармело денеска отпиша уште еден од листата на тимови во кои би сакал да биде разменет. Тој досега беше отворен за премин во Кливленд Кавалирс, но неговиот агент објави дека тоа веќе не е случајот. Кармело Ентони е силно заинтересиран да биде разменет во Хјустон Рокетс и смета дека тоа би му било најдобра шанса да се натпреварува за прстен.

Оваа информација е изненадувачка, посебно ако се земе во предвид неговото пријателство со Леброн Џејмс и коментарите во последните неколку години дека би сакал да игра во истиот тим со него.

 

Иако е неколку години зад неговата најдобра форма, Кармело Ентони сепак би претставувал силно оружје во нападот за секој тим кој ќе успее да го добие.