Касиљас одби премногу понуди поради гигант од ПЛ?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Икер Касиљас ќе го напушти Порто и кариерата ќе ја продолжи најверојатно во Англија.

Еден од најдобрите голмани на сите времиња сега е во Порто на позајмица од Реал Мадрид, но договорот му завршува и не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Стигнаа богати понуди од Кина, Турција, Катар, но тој сака да игра во Европа и тоа во највисок ранг.

Тој започнал преговори со Ливерпул и медиумите тврдат дека тие имаат пред-договор. Клоп го сака Касиљас, затоа што не е задоволен од Мињоле и Кариус.