„Каталонија би била помеѓу најдобрите репрезентации во светот“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерот на Ал-Сад и поранешен играч на Барселина, Чави изјави дека Каталонија  би била меѓу најдобрите 10-15 репрезентации во светот.

„Каталонија би била помеѓу 10-15 најдобри во светот. Нема сомнеж дека сме сила во голем број различни специјалности.“

Властите од Каталонија ветија дека референдумот за независност од Шпанија ќе го одржат во 2017 година. Уставниот суд го сопре претходниот обид на одржување референдум во 2014 година.

Чави, кој за селекцијата на Каталонија играше 12 пати, наведе дека не ја отфрла можноста да стане тренер во иднина.

„Никогаш не се знае. Не треба да се затвора било која врата. Сеуште е рано да се зборува за тоа, но една од идеите е да се вратам дома како тренер во Барселона, во Каталонија. Тоа е мојот дом.“

За Каталонија право на настап би имале фудбалери како Жорди Алба, Серхио Бускетс, Жерер Делофеу, Бојан Кркиќ, Кристијан Тељо, Жорди Амата, Марк Бартра, Серхио Роберто, Виктор Валдес и други.