Каталонците во страв: Меси сериозно повреден, го пропушта наредниот меч

Фановите на Лионел Меси вечерва добија потврда од тоа што најмногу се плашеа.

Имено, аргентинскиот магионичар ќе го пропушти мечот со Венецуела поради повреда на препоните која, се чини, е многу посериозна отколку што делуваше за време на натпреварот.

Меси постигна гол во мечот против Уругвај, при враќањето во дресот на репрезентацијата, а недолго потоа доживеа повреда која во прв момент не делуваше сериозно.

Сепак, од аргентинскиот сојуз е порачано дека повредата е од сериозна природа и дека Меси нема да биде во конкуренција за настап против Венецуела.

Фудбалерот на Барселона многу брзо треба да се врати во Шпанија на детални анализи.