Каталонците по примерот на Јунајтед: Барселона објави листа со фудбалери подобри од Меси (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера на Твитер беше во центар на внимание поради објавата на листа на голмани, кои се подобри од Давид Де Хеа, а по нивниот пример тоа го направи и Барселона.

Секако, на листата никој не се наоѓа, па така сакаа да претстават дека Де Хеа е најдобар голман во светот, а очигледно тоа им се допадна на Катлаонците, па решија да го искористат истиот потег.

Барселона со оваа објава успеа да ги збуни фановите, кои упорно се прашуваа зошто нема никој на споменатата „листа“. Јасно е дека за нив Меси е најдобар фудбалер во светот, но сигурно сите не се согласуваат со тоа.