Керик има проблеми со срцето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина се прашуваа зошто Мајкл Керик го нема воопшто на терените и тренинзите на Манчестер Јунајтед. Никој до вчера не потврди дали поранешниот англиски репрезентативец е повреден или се работи за несогласувања со Мурињо по кои тој е отстранет од тимот.

Сепак, Керик со соопштение во кое вели дека имал срцеви проблеми се обрати до фудбалската јавност.

36 годишниот фудбалер последниот натпревар за Манчестер Јунајтед го одигра на 20 септември во натпреварот против Буртон Албион во рамките од Карабао Купот.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Сакам да ја разјаснам мојата ситуација откако многу луѓе прашаа дали сум добар и зошто не сум фит во последните два месеци.

Откако се почувствував чудно во второто полувреме на натпреварот против Буртон во септември заминав на серија испитувања. Испадна дека станува збор за нерегуларно работење на срцето кое беше целосно испитано и јас имав третман наречен кадријална аблација.

Морав да имам постојани тренинзи кои беа надгледувани, но сега се чувствувам добро. Сакам да ги разубедам сите дека сум здрав и ќе се вратам назад на тренинзи со тимот. Го надградувам мојот фитнес и настојувам да се вратам во конкуренција наскоро.

Благодарам за вашата поддршка

Мајкл“