Кинезите поради странците ги сменија правилата!

ФС на Кина донесе денес одлука за ограничување на странски фудбалери во екипите.

Кинеските клубови во последно време со луди цифри донесуваат се повеќе фудбалери, па дури и од европските гиганти.

Денес донесоа одлука дека еден тим може да има три странски играчи во првиот тим, а вкупно пет во 18-те регистриранин за тој натпревар.

Претходните сезони важеше правилото четири плус еден. Тоа значи дека четири фудбалери во еден момент може да бидат на теренот, а другиот странец би морал да биде од азиските земји.

Сепак, тоа правило сега е сменето. Па така е воведено и правило дека мора да има 2 млади фудбалери во тимот, од кој еден мора да го започне натпреварот.