Кин го брани Мурињо: Многумина го критикуваат Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рој Кин, ги критикуваше играчите на екипата и ги обвини за лошите резултати.

Веќе долго време се шпекулира за караницата на тренерот Жозе Мурињо со играчите, а Кин мисли дека фудбалерите се проблемот.

„Ако сте играч на Јунајтед, тогаш треба 100% од себеси да давате дури и кога сте луди на некого“, кажа Кин.

Сепак, легендарниот играч смета дека премногу се збори, а малку се работи на случајот.

„Во клубот има многу критичари, кога ќе излезете на терено треба да играте за градот и семејството“, објасни Кин.

Кин смета дека не треба да се грижат за критиките на тренерот и дека мора да вложат повеќе на теренот.