Кирјос викаше по судијата и публиката: Рацете ми се повредени… Што ви е проблемот? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ник Кирјос повторно направи драма во Акапулко. Австралискиот тенисер славеше против Станислав Вавринка со 7-5, 6-7 и 6-4, па така се пласираше во полуфинале на турнирот, а за време на мечот публиката постојано го исвиркуваше.

Судијата Дамиан Штејнер го предупреди за лошото однесување и непримерното изразување, но контроверзниот тенисер не застана.

„Немој да ми зборуваш такви работи. Тоа е ср**е. Вчера Рафа ми направи нешто слично и публиката е против мене. Доста ми е од овие глупости“, кажа Кирјос.

Тенисерот имаше вербална расправија и со навивачите, на кои не штедеше зборови и не внимаваше што зборува.

„Што ви е проблемот? Што е со овие е**ни луѓе? Рацете ми се крвави, што сакате од мене? Ова е неверојатно“, вели Кирјос.