Клајверт: Го избрав правиот клуб, не чувствувам притисок поради татко ми


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот холандски напаѓач Џастин Клајверт, потпиша за екипата на Рома и е среќен што дојде во овој тим.

Тој е играч кој допрва треба да стапи на големата сцена,, но истана дека не е под голем притисок бидејќи од него се очекува да тргне по стапките на својот татко, Патрик Клајверт, кој остави голем белег во европскиот фудбал.

„Ја избрав Рома од причина што сакав промена. Среќен сум што дојдов во Рим. Имав добро чуство, а и фамилијата ме наговараше да дојдма во Италија и да заиграм за Рома“, открива Клајверт.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на Рома и морам да признаам дека моите сонародници Стротман и Красдорп одлично ме пречекаа“, додаде тој.

Неговиот татко играче за Барселона и во 257 натпревари постигна 122 голови.

„Мојот татко имаше прекрасна кариера и не ми е тешко кога ме поврзуваат со него, среќен сум што сум негов син. Многу ми зборува и ме советува и не чувствувам дополнителен терет“.

Рома плати 17.25 милиони евра за 19-годишниот играч и потпиша 5 годишен договор.