Кливленд Кавалирс ги промовираа дресовите за следната сезона

Откако целата претходна недела споделуваа мали детали околу дресовите за следната сезона, денеска конечно од тимот на Кавалирс официјално ги промовираа новите дресови. И тие изгледаат одлично!

 

На својот Твитер профил, преку кратки видеа и неколку фотографии беа промовирани домашниот и гостинскиот дрес за следната сезона.

Во наредната сезона повеќето од тимовите ќе имаат по четири комбинации на дресови: домашен, гостински, ретро дрес и дрес кој го опишува градот.