Клиши доби понуда од англиски гигант!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Гаел Клиши нема да има проблем да најде нов клуб.

Тој пред неколку денови ја заврши соработката со Манчестер Сити кој не му понуди нов договор, но веднаш стигнаа други понуди на неговата адреса.

Пред неколку денови се споменуваше заминување во ПСЖ, но по се изгледа дека Клиши би можел да се пресели во Ливерпул кој му понудил 2-годишен договор.

Да потсетиме, Ливерпул има големи проблеми со позицијата на лев бек, а Клиши би можел да биде баш тоа што им треба. Тој досега во кариерата има играно за Арсенал и Сити.